X
 06.10.2021 Култура

„Нетфликс“ мораше да избрише сцени од новата серија „Игра со лигни“

Продукциската куќа „Нетфликс“ беше принудена да избрише неколку сцени од својата најнова серија „Игра со лигни“, откако случајно на екранот бил прикажан телефонски број на вистинска личност, што довело до наплив на непријатни повици.

Јужнокорејската серија, која е на пат да стане најпопуларната серија на „Нетфликс“ досега, вклучува неколку снимки на кои е прикажан телефонски број видлив на визит-картичка.

Додека повеќето серии користат лажни броеви, креаторите на „Игра со лигни“ случајно искористија вистински број што му припаѓа на Кореец, кој секојдневно примал илјадници повици.

- Заедно со продуцентската компанија, работиме на решавање на ова прашање, вклучително и уредување сцени со телефонски броеви каде што е потребно - изјави портпаролот.

2
Фото: Netflix

Но, според „News.com.au“, снимките и понатаму се видливи за австралиските корисници.

Во меѓувреме, гигантот за стриминг е тужен од страна на јужнокорејскиот интернет-провајдер поради огромната популарност на серијата.

Шоуто стана популарно низ светот откако доби премиера на „Нетфликс“ минатиот месец и се смета дека стана најуспешната серија досега.

Но, се појавија контроверзии бидејќи јужнокорејскиот интернет-провајдер „СК Бродбенд“ го тужи „Нетфликс“ поради зголемениот сообраќај поради популарноста на серијата.

Интернет-провајдерот тврди дека „Нетфликс“ е вториот по големина сообраќај во Јужна Кореја, покрај „Јутјуб“, и наведува дека другите стриминг-платформи - „Амазон“, „Фејсбук“ и „Епл“ плаќаат такси за користење на мрежата.

„СК Бродбенд“ тврди дека сообраќајот од „Нетфликс“ на неговата мрежа е зголемен за 24 пати од мај 2018 година до септември 2021 година.

Интернет-провајдерот сака „Нетфликс“ да плати за пристап уште од 2018 година. Само за 2020 година таа сума се проценува на околу 31,55 милион долари.

Јужнокорејската серија е трилер за преживување чие дејство е во денешен Сеул, каде што група од 456 луѓе се поканети да играат детски игри со шанса да освојат огромна сума на пари, но ако изгубат, го губат животот.

Извор: Daily mail
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура