X
 06.12.2019 Живот

Руска телевизија првпат покажа како изгледа внатрешноста на нуклеарен куфер

Руската телевизија „Звезда“ првпат прикажа како изгледа нуклеарен куфер однатре. Се работи за уред со кој се активира нуклеарно оружје.

- Внимавајте на ова копче за „старт“ – тоа е во бела боја (а не црвена како што вообичаено се мисли). Овој куфер се наоѓал кај офицерот кој секогаш бил во близина на врховниот командант - раскажува водителот на програмата, Алексеј Јегоров.



Една од компонентите на куферот е и флеш-картичка. – Таа е индивидуална. Тоа е еден од клучевите што се вметнуваат. Други подробности околу овој куфер, сепак, нема да разгледуваме, додава Јегоров.

Тој забележа и дека куферот е стар 50 години, но јавноста дури сега гледа што има внатре.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот