X
 06.12.2020 Наука

Физичари го направиле најпрецизното мерење на основната константа во универзумот досега

Тим од четворица физичари го направил најпрецизното мерење на основната константа во универзумот, позната како константа на фината структура α. Мерењето е трипати попрецизно од претходното најдобро мерење направено во 2018 година, се вели во истражувањето објавено во списанието „Нејчр“.

За разлика од брзината на светлината, константата на фината структура α не се мери во секунди или километри на час. Впрочем, таа нема единица. Сепак, оваа константа го обликува универзумот до неверојатен степен и се нарекува „магичен број“ кој не го разбираме, а е околу нас, како што изјавил Ричард Фајнман во минатото.

Во новото истражување физичарите успеале попрецизно да го одредат овој број кој го обликува универзумот. Според нивната пресметка, вредноста на константата е еквивалентна на односот 1/137. Со децимали, вредноста на константата изнесува: 1/137,03599920611.


Фото: Pixabay

Оваа константа најчесто се појавува во формули во кои се опишуваат светлината и материјата. Како што објаснува физичарот Ерик Корнел, односите помеѓу поголемите и помалите нешта во универзумот се поврзани со оваа константа. Оваа сеприсутна константа ја карактеризира јачината на електромагнетната сила што се наоѓа во наелектризираните честички, како протоните и електроните.

- Во нашиот свет сè е или гравитација или електромагнетизам. А затоа алфа е толку важна - вели Холгер Милер, физичар од Универзитетот на Калифорнија во Беркли.

Физичарите претходно се прашувале од каде потекнува вредноста на алфа, но сега тие само ја прифаќаат како една од основните константи во универзумот која се добила при неговото формирање.

Автор: Бред Берган
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука