X
 06.12.2020 Култура

Најдобро чуваната тајна на Европа скриена во Пиринеите

Вгнездена во високите Пиринеи, кои се протегаат помеѓу Франција и Шпанија, постои мала европска земја што многу туристи ја занемаруваат или ја пропуштаат кога ги посетуваат врвните знаменитости и природни чуда на стариот свет.

Андора е мала земја без излез на море, со 77.000 жители и посебна култура, историја и јазик дефинирани од нејзината географска изолација и планинското опкружување.

Бидејќи многу патници ја прескокнуваат Андора, таа останува најдобро чуваната тајна на Европа. Во продолжение ви нудиме неколку интересни факти за оваа земја.

1. Андора е трипати помала од Лондон


Ако сте биле во Лондон, еден од најпопуларните светски градови за посета, веројатно сте истражувале поголема област од целата земја Андора - што е само една третина од големината на Лондон со нејзините 468 квадратни километри.

И покрај тоа што е мала, станува збор за место во кое треба полека да уживате.

- Андора е планини, природа, езера, поглед, мали села направени од живописни камени куќи, скриени цркви покрај карпа - вели писателката за патувања Мар Пејџес, која неколку пати ја посетила Андора.

- Андора не е на список со знаменитости, туку во неа се ужива бавно. Ако сакате пешачење или скијање, денот ќе ви биде пополнет - додава таа.

2

2. Тоа е единственото кокнежество во светот

Официјалното име на Андора е Кнежество на Андора, но всушност станува збор за кокнежество, единствено во светот. Наместо да управува една единствена личност, во Андора има два шефа на државата - секој потекнува од едно од соседствата на Андора, аранжман што датира од 13 век. Актуелниот претседател на Франција и бискупот од Ургел во Шпанија се двајцата кнезови на Андора. Сепак, земјата е парламентарна демократија.

3. Официјален јазик е каталонскиот


Ако барате можност да уживате во странски јазици, тогаш Андора е одлична дестинација за тоа. Официјален јазик е каталонскиот, кој потекнува од латинскиот и е близок со францускиот и шпанскиот.

Но, ако зборувате француски и шпански, добро ќе ви се најде оваа вештина. Речиси сите Андорци зборуваат течно француски и шпански бидејќи и двата јазика се изучуваат на училиште. Но, англискиот јазик им е слаба страна на Андорците.

2

4. Еден УНЕСКО-локалитет зафаќа 9 отсто од земјата

Кога станува збор за локалитетите од светско наследство на УНЕСКО, она што Андора го нуди е долината Мадрију-Перафита-Кларор, единствената локација на УНЕСКО во Андора, која опфаќа 4.247 хектари - околу 9 отсто од целата земја.

Долината во голема мера е див и недопрен парк со неколку патеки за пешачење, од умерената патека што почнува со знакот во паркот до искачувања длабоко во шумата. Можете да уживате во суровата шума, потоците, алпските езера, долините... Нема самостојни знаменитости, само чиста и недопрена природа.

5. Нема аеродром


Најблискиот аеродром до Андора се наоѓа во Барселона, Шпанија, и во Монпелје, Франција. Повеќето луѓе резервираат автобус или изнајмуваат автомобил за да стигнат до Андора. Со автомобил се патува два и пол часа од Барселона, а четири часа од Монпелје.

Извор: Adventure.howstuffworks.com
Фотографии: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура