X
 06.12.2022 Живот

Сака сѐ да прави со татко му, а по мене фрла играчки и бега. Како да се справиме со оваа ситуација?

Син ми има две години и четири месеци. Во последниот месец почнува многу да ме избегнува, сака само со татко му да биде. Првите денови мислевме дека е некоја фаза, дека сака повеќе време да поминува со татко му. Почна со него да заспива, да бара да му смени пелена. Но, во последната недела таквото однесување е сѐ поизразено. Кога сме двајцата родители дома, почна мене речиси и да не ме забележува, не дава да му се доближам, одма почнува да вреска, бега. Нема шанси со мене да јаде, да си игра или да го пресоблечам или да заспие. Доаѓа до мене, ќе фрли по мене некоја играчка или ќе ме касне и штипне и пак бега. Кога ќе дојде време за спиење, сака со татко му да спие, а мене ме брка од собата, а ако во сон се разбуди и ме види до него, почнува да вика „не ти, не ти, бегај“ и го бара татко му. Ако сум сама дома со него, најнормално се однесува, може да праша каде е тато и толку. Оваа ситуација почнува и на сопругот да му пречи бидејќи буквално е како залепен до него, не може никаква домашна обврска да заврши. Во градинка е сѐ најнормално. Ве молам да ни дадете некој совет како да ја надминеме оваа ситуација.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Живот