X
 07.02.2019 Живот

Отворен е оглас за работа од соништата

Доколку сонувате да го прошетате светот, а ги сакате и социјалните мрежи, ова би можело да биде идеалната работа за вас.

Една од најголемите светски компании што организираат крстосувања, „Ројал Карибијан“, бара лице што ќе ги фотографира авантурите од патот околу светот и сето тоа ќе го објавува на „Инстаграм“, а за таа работа ќе биде добро платено.

Ако постои работа од соништата, ова веројатно е многу блиску до тоа.

- Бараме зависник од адреналин, кој не е само гладен за авантури, туку умее и да забележи посебни моменти и да раскаже приказна со едноставна објава на социјалните мрежи - истакна еден од портпаролите на „Ројал Карибијан“.


Една од задачите на лицето што ќе ја добие работата ќе биде и посета на приватниот остров на оваа компанија, Кококеј, како и да патува на Алјаска, во Португалија, Норвешка, Дубаи, Јапонија и други земји за да направи сјајни фотографии за на „Инстаграм“.


Неделната плата за оваа работа е 2.000 фунти, а платени се и сите трошоци - транспорт, сместување и храна.

За да аплицирате за работата, не ви е потребна кратка биографија, само треба да споделите фотографија или видео со вашето омилено патувачко искуство на „Инстаграм“ со тагови #ShoreExplorer и @RoyalCaribbeanUK.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот