X
 07.02.2020 Живот

Посебна квота за студенти на Лондонската школа за ПР

Освен основачот и директор на ЛСПР, Џон Далтон, на петнеделната едукација пролетва во Скопје своето знаење со учесниците ќе го споделат и Ламбро Патче, менаџер за односи со јавноста и комуникации, Пивара Скопје АД; Нада Филипович, менаџер за комуникации за Србија, Црна Гора и Македонија во The Coca Cola Company, Србија; Мет Мари, писател & говорник & Storyteller од САД и уште 4 меѓународни и локални предавачи со врвно знаење и искуство.

По успешно завршениот прв циклус на Лондонската школа за односи со јавност (ЛСПР) во Скопје, ви го најавуваме вториот, кој ќе стартува на 4 април. Нова можност избрана група ПР-професионалци, комуникатори, новинари и луѓе што сакаат да напредуваат на професионален план да се сретнат со врвни предавачи кои ќе им ги пренесат последните светски трендови во секторот односи со јавноста.

- Горди сме што во првиот циклус овозможивме квалитетна едукација по уникатни образовни програми и техники, со студии на случај, тренинг еден на еден и сериозен практичен дел. Модулите се конципирани да овозможат специјализација во доменот на односи со јавност, управување со угледот, управување со криза и кризно комуницирање; да изградат вештини за брендирање и маркетинг, како и успешно надградување на знаењата во доменот на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и ПР во време на дигитална револуција - вели Наташа Божиновска-Миркова, директорка на Represent Communications Македонија.



Лондонската школа за односи со јавноста е признаена од ITOL (Институт за обука и професионално учење), NUJ (Национална унија на новинари) и CPD (Континуиран професионален развој). Освен во Велика Британија, ЛСПР постои и во 12 други земји преку LSPR Worldwide. Учесниците се стекнуваат со меѓународно признаен лиценциран сертификат препознатлив за секој регрутер и HR специјалист во светот.

- Новина во вториот циклус е посебна квота за студенти во чии рамки имаме можност да запишеме тројца студенти со 30% попуст на школарината и можност за плаќање на рати без камата. Ова е одлична можност студентите да стекнат непроценливо знаење и искуство од областа на односите со јавноста и маркетинг, од инспиративни инструктори и вистински професионалци, преку реални примери и практични вежби. Концептот на ЛСПР подразбира мала компактна група до 20 учесници која работи на конкретни случаи. Во есенскиот циклус имавме 15 учесници, поединци и претставници на компании како МЕПСО, Пивара Скопје, Кроација, QSI International, Кајгана Медиа итн., кои ја препознаа специфичната вредност на школата, а во пролетниот циклус сигурни сме дека студентите што ќе одлучат да ни се придружат ќе ја збогатат одличната динамика на предавањата - истакнува Божиновска-Миркова.

Студентите истовремено добиваат уникатна networking можност. Среќавајќи се со предавачи кои доаѓаат од големи компании, како Кока-Кола, Пивара Скопје, Адриа Медиа Груп, стекнуваат контакти кои можат да им бидат корисни во понатамошниот професионален развој. Исто така, дружењето со постари колеги кои веќе работат во сектор комуникации на многу компании и ја гледаат ЛСПР како можност за професионална надградба отвора простор за идна соработка или пракса во нивните компании.

- Основната мисија на ЛСПР е да им обезбеди на учесниците најдобро знаење во избраните области и да создаде професионалци подготвени за сите предизвици со кои може да се соочат на професионалниот пат. ЛСПР смета дека традиционалниот ПР веќе не е доволен за ефикасно комуницирање и градење репутација и затоа сите програми на ЛСПР се приспособени на потребите на пазарот и дигиталната доба - вели Џон Далтон, директор на lspr.uk



Освен основачот и директор на ЛСПР, Џон Далтон, на петнеделната обука оваа пролет во Скопје, своето знаење со учесниците ќе го споделат и Ламбро Патче, менаџер за односи со јавноста и комуникации, Пивара Скопје АД; Нада Филипович, менаџер за комуникации за Србија, Црна Гора и Македонија во The Coca Cola Company, Србија; Мет Мари, писател & говорник & Storyteller од САД и уште 4 меѓународни и локални предавачи со врвно знаење и искуство.

Лондонската школа за ПР во Скопје почнува на 4 април 2019 година, а early bird пријавувањето e веќе започнато. Сите информации за програмата, предавачите и термините може да ги најдете на lspr.mk

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот