X
 07.03.2021 Наша тема

Единствената што ги заврши студиите по ромски јазик, последиците од Ковид-19, закрепнување на економијата... Што истражувавме неделава

Што истражувавме?
Во случај да пропуштивте...

Мартина Наумовска е единствена што ги заврши двогодишните студии по ромски јазик: Не велам дека двогодишни студии се доволен период за да се опфати една научна област, но јас сум уверена дека со многу труд и работа тие двегодишни студии можат да се реализираат во четиригодишни студии. Јас веќе петта година го предавам предметот јазик и култура на Ромите, на ученици од трето до шесто одделение и искрена да бидам - сè повеќе има интерес и од другите ученици на кои ромскиот јазик не им е мајчин, вели Мартина.

Магијата на „Букварот на Биби“: Спој на радост, одговорност, знаење, фантазија, професионализам... Бура од емоции предизвикува добра книга кога ќе се соочите со нејзина содржина. А може ли кога тоа е буквар? Кога ќе го почувствувате мирисот на тазе испечатена книга, а нејзината содржина и ќе ве врати во детството, ќе се сетите на вашите први учители, ќе ве натера со нетрпение да листате по шарените и весели страници, полни со поуки за вистински вредности пренесени на стил соодветен да допре до секое дете, со цртеж кој не може да не ја разигра убавата детска душа...

Кога бев студент со Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик: Студирајте со љубов, знаењето е капитал кој молците не можат да го изедат: На денешните студенти им порачувам да студираат со љубов и да вложуваат во своето знаење. Тоа е единствениот капитал кој молците не може да го изедат, ниту крадците да го украдат, и да се засрамат пред себеси кога купуваат оценки. Нема аир од такво ,,знаење“.

Вакцини нема - заздравувањето на економијата ќе оди многу побавно, велат експертите: Македонските економисти и институциите посочуваат дека сите проекции и планови за надминување на економската криза или за раст на економијата треба да се базираат врз конкретни планови за вакцинација или преку надминување на здравствената криза

Многу последици може да се влечат со недели: Какви проблеми имаат оние што прележале Ковид-19? Иако сè уште нема конкретни анализи во Македонија, сепак, според личните искуства што ги имаат оние што биле позитивни на вирусот, но и според искуствата на лекарите, над педесетина последици може да се влечат и со недели откако едно лице ќе биде излекувано од Ковид-19

Анкета: Што е тоа што би ве задржало во земјава, ако имате можност за кариера во странство?
Одливот на мозоци останува еден од главните проблеми на земјава, а со тоа и на домашниот пазар на труд. Младите си заминуваат поради низа причини. Што е тоа што најмногу би ги мотивирало да останат дома, во земјава?
За да добиеме слика како одговор на ова прашање, подготвивме анкета.

Со видеа на кинески јазик ја промовирам македонската убавина во Кина, вели Симона Спиркоска, која десет години живеела во Пекинг: Во Кина знаат за Македонија, но немаат комплетна слика за тоа кои сме и што сме. Македонија ги асоцира на Југославија и на Тито. Затоа сакам да им пренесам дел од нашите убавини, од нашите обичаи и култура. Моите колеги во Пекинг пробале ајвар, шопска салата, бурек, пробале ракија, а го обожаваат македонското вино. Има и обожаватели од Кина што веќе биле во Македонија и пишуваат позитивни коментари

Ученици се жалат дека професори даваат ненадејни тестови. Педагозите советуваат дека тоа е најнеприменлив начин на онлајн-оценување: Што е важно кога ќе ви дадам писмена или ќе испрашувам, треба да сте подготвени за секој час! Ученици сведочат дека професори по одредени предмети вака им одговарале на поставените прашања кога ќе има испитување за оценка.

Солистките Ангела и Теодора на 17 години се китат со најпрестижни награди: Ангела Андовска и Теодора Пејиќ се соло-пејачки. Ученички во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, двете се трета година. Со своите 17 години имаат богато и импресивно искуство, имаат освоено многу награди, а велат дека нивната професионална авантура допрва почнува

Издвојуваме

Наша тема