X
 07.03.2022 Образование

Би учествувале во ваква програма? Студенти поминуваат еден семестар на брод

Замислете да поминете еден семестар од академската година патувајќи со брод. Токму тоа го прават американски студенти на бродот „Ворлд одисеј“, кој неодамна го посетил Дубровник.

На бродот се наоѓаат студенти од различни високи школи и универзитети од речиси сите сојузни американски држави. Поминувањето еден семестар на море им нуди компаративно образование на локални универзитети.



Во рамките на програмата е предвидена теренска настава во повеќе земји и практична работа. На бродот има околу 400 студенти, а со нив се и професорите и деканите.



За време на патувањето редовно се спроведуваат предавањата, но студентите исто така запознаваат колеги од локални универзитети и колеги од областа што ја студираат.



Програмата била паузирана поради пандемијата, но сега повторно е активна. Дали би учествувале во ваква програма?

Извор: Studenti

Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование