X
 07.03.2022 Политика

Кои земји ѝ испраќаат воена помош на Украина?

Војната во Украина продолжува, а земјите од целиот свет нудат воена помош за Владата на Украина за да се бори со Русија. Првпат Европската Унија ќе финансира купување и испраќање оружје за некоја земја. ЕУ ќе потроши 450 милиони евра за оваа цел.

Истовремено, Германија ја прекинала својата долготрајна политика да не извезува оружје во конфликтни зони и ќе испрати оружје, воени возила и гориво во Украина. Шведска, исто така, ја прекинала неутралната политика и изјавила дека ќе испрати оружје во Украина.


Фото: Pixabay

Франција ветила испраќање опрема за одбрана и гориво, додека Белгија и Холандија ќе испратат оружје, заштитна опрема и гориво. Португалија, исто така, испраќа воена опрема, а Чешка и Романија испраќаат оружје, гориво и опрема.

Финска, која не е дел од НАТО, но е во ЕУ, изјавила дека ќе испрати оружје и муниција, а Данска ќе испрати оружје и ќе им дозволи на дански волонтери да ја бранат Украина. Норвешка најавила испраќање заштитна опрема и оружје, како и Хрватска и Словенија. Италија изјавила дека ќе испрати воена опрема, но не ги открила деталите.


Поддршката не доаѓа само од ЕУ. САД најавија пакет за помош вреден 350 милиони евра за Украина. Канада изјавила дека ќе испрати заштитна опрема, оружје и муниција. 

Нашата Влада, исто така, минатата недела изјави дека ќе испрати воена опрема во Украина.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика