X
 07.04.2020 Живот

Нѐ очекува најголемата и најсветла полна „розова“ Супермесечина за 2020 година

Најголемата и најсветлата полна Месечина за оваа година ќе се издигне над небото неделава, нудејќи ни можност да ја видиме најголемата „розова“ Супермесечина во 2020 година.

Супермесечината ќе биде видлива на 7-8 април, кога Месечината ќе биде на 356.907 километри од Земјата, што ќе ја направи поголема и посветла на ноќното небо.

Во фолклорот е позната како „розова“ Месечина бидејќи обично се совпаѓа со цветањето на пролетните цветови.

Најдобриот период за набљудување на Месечината е за време на нејзиното појавување во вторник и нејзиното заоѓање в среда, кога ќе биде близу до хоризонтот.

mesecina
Фото: Instagram

Терминот првпат го измислил астрологот Ричард Нол во 1979 година, кој ја дефинирал Супермесечината како која било полна Месечина што е во рамките на 90 отсто од најблискиот пристап. Употребата на терминот е критикувана од астрономите, но дел од нив ја поздравуваат како начин да се поттикне интерес за астрономијата.

Чистото небо и намаленото загадување на воздухот како резултат од карантините воведени во земјите значи дека овој април ни нуди најдобри услови за набљудување на оваа Супермесечина.

Извор: The Independent
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот