X
 07.04.2022 Живот

Нема договор меѓу СОНК и Владата, од понеделник штрајк во образованието

Разговорите за зголемување на платите согласно новата минимална плата не се успешни и штрајкот е сѐ поизвесен, велат од СОНК

Од 11 април вработените во градинките, основните и средните училишта ќе почнат генерален штрајк и нема да ги згрижуваат ниту помалите деца што одат во градинките или во дневен престој во училиштата, вели претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, откако синдикатите и Владата не постигнаа договор.

Тој во изјавата за медиумите повтори дека од понеделник започнува штрајкот и градинките и школите нема да работат со децата. Воедно ги повика родителите да имаат разбирање за проблемите на вработените во градинките, основните и средните училишта.

СОНК не успеа да се договори со Владата за зголемување на платите согласно новата минимална плата и според последните информации од СОНК, штрајкот е сѐ поизвесен. Наставниците, воспитувачите и другиот образовен кадар ќе штрајкуваат, односно нема да работат додека не се договорат со власта.

Овој грански синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати бара веднаш да се зголемат платите за 18,4 отсто и да се бара системско решение за усогласување на другите плати, а досега двете средби со претставници на Владата останаа без договор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот