X
 07.05.2020 Здравје

Денеска се оздравени 22 пациенти, новозаразени со коронавирус се 33

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти, а во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања и потврдени се 33 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:

Скопје-11
Куманово-2
Штип-1
Прилеп-5
Тетово-2
Велес-9
Битола-2
Крива Паланка-1.

Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања за Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека на пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје