X
 07.06.2019 Технологија

Автономни бродови ќе создаваат привремени мостови во Амстердам

Градот Амстердам финансира истражување на научници од МИТ за изградба на самоуправувачки мини бротчиња - робродови - кои би можеле да пловат низ каналите и подобро да ги искористуваат водните патишта, кои станаа помалку популарни од копнените.

Луис Матеос изготвил нов алгоритам кој ги насочува робродовите автоматски да се заклучуваат. Бродовите сега можат да се комбинираат во автономни бродови, но Матеос смета дека во иднина ќе има автономни бродови кои ќе може да создаваат привремени мостови со кои водените текови би станале попристапни без нова инфраструктура.

Новиот систем за заклучување насочува повеќе роботи автоматски да се спојат. Алгоритамот се осигурува дека секој брод е поврзан пред да дојде следниот.

Засега научниците работат со прототипови од 15 квадратни стапки (1,4 квадратен метар), што е една четвртина од замислениот краен производ. Овие мали робродови би можеле да се спојуваат за да носат отпад и друг товар низ каналите, додека поголемите модели би можеле многу повеќе.

- Целта е да се искористат единиците робродови за да се отворат нови можности за животот на вода. Новиот механизам на заклучување е многу важен за создавање структури кои се појавуваат ненадејно. На робродовите не им е потребно заклучување за автономен транспорт на вода, но вам ви е потребно заклучувањето за создавање каква било структура, без разлика дали е мобилна или фиксна - истакна Даниела Рус, роботски инженер на МИТ.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија