X
 07.06.2019 Живот

Неверојатна фотографија од лава во облик на купола предизвикува воздишки

Американскиот геолошки завод минатата година објави неверојатна фотографија од една многу ретка појава - фонтана од лава во облик на купола.

Иако снимката од оваа фасцинантна глетка беше објавена неодамна, таа е направена во 1969 година за време на ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, која траела 1.774 дена, односно 5 години. Научниците и љубопитните набљудувачи имале можност во текот на тој период, од 1969 до 1974 година, од безбедна далечина да ја проучуваат и снимаат ерупцијата.


Фото: Index

Фото: Index

Глетката на оваа снимка всушност прикажува огромна симетрична структура на лава. Нејзината просечна висина била околу 20 метри, а била една од 12 такви топчести фонтани што се појавиле во текот на првата година на ерупцијата. Излевањето на лавата од фонтаната во океанот исто така било со изразена сила, се простирало на подрачје од 12 километри. Траела неколку дена, при што понекогаш достигала висина од 70 метри.

Оваа фотографија е посебна затоа што е фатена многу ретка појава на симетрична лава во облик на купола. Типичната фонтана од лава, односно магма која се пробила на површината, изгледа како гејзер.

Фонтаната во облик на купола е неверојатно редок феномен. Иако поради аголот на снимање изгледа како да се формирала во океанот, таа всушност настанала на копното, а заднинските вжештени бранови кои може да се видат на фотографијата го покажуваат слевањето на лавата.

Фонтаната од лава главно настанува кога поради ширење на гас заробен во стопената карпа настанува експлозија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот