X
 07.06.2020 Здравје

Ковид-19: Бројката на заразени во Македонија надмина 3.000 – новозаболени 111 пациенти

Новозаболени 111 пациенти од Ковид-19, починати двајца, а шестмина оздравени се регистрирани во последните 24 часа на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. И денеска најмногу заболени има во Скопје. Направени се 854 тестирања. Ова се бројките на новозаблени, по градови: Скопје - 63, Куманово - 11, Штип - 12, Тетово - 8, Велес - 3, Охрид - 1, Гостивар - 3, Крива Паланка - 1, Кочани - 9.

Оздравеле четворица пациенти од Тетово и по еден од Прилеп и од Битола. Починале две лица, пациентка од Струга (53 г.) и пациент од Прилеп (80 г.). Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, од кои оздравеле 1.646, починале 153, а во моментов болни се 1.226. Досега во Македонија се направени вкупно 36.325 тестирања на Ковид-19. Ова се последните бројки, по градови:

- Скопје - 1.264, активни 658
- Куманово - 556, активни 140
- Дебар - 52, активни 1
- Штип - 174, активни 136
- Прилеп - 218, активни 27
- Тетово - 281, активни 119
- Струга - 98, активни 25
- Велес - 144, активни 30
- Битола - 30, активни 3
- Охрид - 31, активни 14
- Кавадарци - 6, активни 1
- Гостивар - 50, активни 29
- Гевгелија - 6, активни 2
- Струмица - 5, активни 2
- Крива Паланка - 7, активни 1
- Радовиш - 4, активни 0
- Крушево - 3, активни 0
- Кочани - 51, активни 20
- Пробиштип - 5, активни 3
- Демир Хисар - 1, активни 0
- Македонски Брод - 2, активни 0
- Пехчево - 3, активни 0
- Берово - 2, активни 1
- Валандово - 3, активни 2
- Виница - 3, активни 1
- Делчево - 1, активни 0
- Кратово - 3, активни 1
- Свети Николе - 3, активни 2
- Кичево - 3, активни 1
- Неготино - 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

По општини, ова се активните случаи во Скопје, заклучно со вчерашните:

- Чаир 152
- Бутел - 59
- Гази Баба - 58
- Аеродром - 53
- Сарај - 52
- Центар - 52
- Карпош - 40
- Кисела Вода - 29
- Арачиново - 23
- Студеничани - 18
- Ѓорче Петров - 17
- Илинден - 17
- Шуто Оризари - 12
- Петровец - 6
- Чучер Сандево - 3
- Сопиште - 2
- (се утврдува општина) - 1

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје