X
 07.06.2023 Живот

Продадени околу 800 билети за патување во вселената

Мисијата „Јунити 25“ беше последниот пробен лет на првата комерцијална мисија на „Вирџин галактик“ која треба да се случи кон крајот на јуни, а за која компанијата се надева дека ќе стане практика приближно секој месец.

На 25 мај полета леталото од Ново Мексико како дел од мисијата „Јунити“, имаше двајца пилоти и екипаж составен од четворица вработени во оваа компанија. Леташе 80 километри нaд површината на Земјата. Тие првпат доживеаја бестежинска состојба, а се претпоставува дека тоа е последниот тест-лет пред „Вирџин галактик“ да им дозволи на туристите редовно да патуваат во вселената секој месец.

Федералната управа за авијација (FAA) претходно ѝ забрани лансирање на „Вирџин галактик“ откако првиот лет на Бренсон во 2021 година доведе до истрага, кога скршна од курсот додека слетуваше на писта во пустината во Ново Мексико. Во септември истата година Федералната управа за авијација, која ги надгледува комерцијалните воздушни и вселенски летови во САД, откри дека вселенското летало отстапило од дозволата за контрола на летање и го направило тоа околу 1 минута и 41 секунда.

Компанијата вели дека соработува со Федералната управа за авијација за истрагата за отстапувањето од маршрутата, како и за подобрување на комуникациите. Во изјава, „Вирџин галактик“ призна дека летото паднало под надморска височина на воздушниот простор, но потврди дека било на мала оддалеченост и кратко времетраење (1 минута и 41 секунда) пред повторно да влезе во ограничен воздушен простор.

- Кога леталото наиде на ветер, кој ја промени неговата траекторија, пилотите и системите го надгледуваа за да се осигурат дека останува во рамките на параметрите на мисијата - велат од „Вирџин галактик“. Тие додаваат дека леталото во ниеден момент не преминало над некое населено место, ниту пак претставувало опасност за јавноста.

Следен чекор е патувањето за сите оние што купиле билети пред многу години. Во изминатата деценија беа продадени околу 800 билети, а нивната почетна цена беше 200.000 долари. Сега билетите чинат 450.000 долари по лице.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот