X
 07.07.2016 Наука

Која е најдобрата возраст за стапување во брак според математиката?

Оптималната возраст за стапување во брак е 26 години. Новинарот Брајан Кристијан и когнитивниот научник Том Грифитс, коавторите на „Algorithms to live by: the computer science of human decisions“ врз основа на правилото 37%.

„Стапувањето во брак пред 26-от роденден може да значи пропуштање на подобри партнери“.

Правилото 37% вели дека најдобрите одлукисе донесуваат после 37% од вашите опции. Крис Велер објаснува дека кога на човек му се дава широк избор на опции и ограничен временски период, идеално време да се донесе одлука е после земањето во предвид на 37% од овие опции.

Како пример го истакнуваат барањето стан. Како личност која бара стан, вашето главно прашање е колку апартман треба да разгледате за да го пронајдете најдобриот? Ако имате во предвид 100 различни места, најдобриот период за донесување важна одлука е откако сте разгледале 37 од нив.

За да ги зголемите вашите шанси за избирање на најдобар апартман е да донесете одлука на 37%. Во тој момент, сте поминале доволно време разгледувајќи ги опциите за кои сте можеле да направите информиран избор. Продолжувањето на барањето после тоа може да биде губење на вашето време со оглед на тоа што становите за кои  размислувате може да ги земат други луѓе.

Истата идеја важи и за љубовните врски и доживотниот партнер. Ако сте помеѓу 18 и 40 години, возраста на 26 години ќе биде знакот за 37% во рок од 22 години временска рамка. Стапувањето во брак пред вашиот 26-ти роденден може да значи дека пропуштате подобри партнери. Сепак, предолгото чекање после вашиот 26-ти роденден може да ги намали шансите да пронајдете партнер од висок квалитет, со оглед на тоа што потенцијалните кандидати може да бидат зафатени.

Иако правилото 37% не е совршено, истражувањата за брак индицираат дека магичната бројка е околу 26.

Никола Х Волфингер, социолог на Универзитетот во Јута покажа дека бракот на возраст од 28 до 32 години резултира со намалена можност за развод. Иако возраста не е точно 26, паровите често пати се во врска неколку години пред да се одлучат да стапат во брак.

Ако сте жена и сте слободна, тогаш може да постои друго објаснување а тоа зошто е толку тешко да се пронајде Господинот Вистински.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука