X
 07.07.2017 Култура

Дали оваа фотографија е доказ дека Амелија Ерхарт преживеала?!


(Фото: Supplied)

Еден документарец на каналот „Хистори“ испитува една од  најпровокативните теории за Амелија Ерхарт.

Документарниот филм се фокусира на неодамна откриена фотографија која авторите ја сметаат за  доказ дека Ерхарт и навигаторот Фред Нунан го преживеале паѓањето на авионот во 1937 година.

Истражувачите велат дека на фотографијата Амелија седи на докот свртена со грб кон камерата, додека Нунан стои на левата страна. Лицето за кое тврдат дека е најпознатата авијатичарка во историјата гледа во брод кој влегува во пристаништето.

Авторите на документарецот сметаат дека Ерхарт, по паѓањето на авионот на еден од  Маршалските Острови, паднала во рацете на јапонската војска, која сметала дека таа и Нунан се шпиони. Ги префрлила во Сајпан, каде што наводно починале во затворот.

Трагата е во ознаката на фотографијата која гласи: „Маршалски Острови, атол Јаулит, остров Јаулит, пристаниште Јаулит“.

Меѓутоа, Дороти Кохрејн, кустос во Смитсониан музејот на авијација, за People изјавила дека изнесените шпекулации во документарецот „се смешни“ и дека не постои ниту еден доказ дека Амелија преживеала.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура