X
 07.07.2018 Живот

Понуда за работа за 27.000 евра годишно

За сите парови заинтересирани за работа далеку од брзиот животен стил во голем град, постои одлична понуда во Велс што може да биде совршено решение.

Оваа уникатна можност, која се наоѓа на оддалечениот остров Барди, близу Велс, им нуди шанса на двајца луѓе да бидат дел од жителите на островот - главно фоки.

Островот е опкружен со Ирското Море и е дом на мала заедница на локални жители.

Годишната плата е 18.660 евра за управител и 9.000 евра за асистент, парот може да престојува на островот бесплатно во двособен дом со вклучени комунални услуги.



Ако ова не ви звучи доволно привлечно, половина година ќе имате друштво, во текот на летните месеци кога туристите доаѓаат на островот, а изолација во текот на зимските месеци.

Пред да го испратите вашето резиме, постојат неколку услови што кандидатите мора да ги исполнат.

Најпрво и најважно, сите кандидати мора да бидат билингвални и да зборуваат и велшки и англиски. Иако англискиот не се бара за асистентите, сепак е пожелен.

Исто така, од кандидатите се очекува да им посакаат добредојде и да им обезбедат услов на посетителите во текот на летните месеци.

Со повеќе од 2.000 посетители на годишно ниво, гостопримливоста е важен аспект во оваа работа.

Дополнително, кандидатите мора да бидат во добра физичка кондиција бидејќи работата бара одржување на инфраструктурата на островот, вклучувајќи ги и куќите и други имоти на островот. Задачите вклучуваат бојадисување, декорирање, поправки и градинарство.

Освен тоа, кандидатите ќе треба да се грижат и за дивиот свет во природниот резерват и ќе дејствуваат како важна врска помеѓу заедницата и фондот на островот.

Кандидатите треба да знаат дека работата е за тригодишен договор, каде што природата и морето ќе бидат единствениот постојан придружник.

Ако работата ви звучи како остварување на вашите соништа - крајниот датум за пријавување е 23 јули, а конкуренцијата ќе биде жестока.

ТУКА можете да дознаете повеќе информации за работната можност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот