X
 07.07.2019 Живот

„Амазон“ продава и монтажни куќи

Можеби не е достапно баш сè, од игла до локомотива, но во каталогот на американскиот гигант во е-трговијата има и мини монтажни куќи кои можете да ги изградите со мала помош од пријател.

„Амазон“ во понудата има неколку десетици монтажни куќи со површина од неколку десетици квадратни метри кои можете да ги склопите според начелото „направи сам“ со помош на еден или двајца пријатели.

Најевтините чинат околу 5.000 евра и можат да послужат и како куќна канцеларија, простор каде што ќе ги сместите гостите, мал киоск итн.

Меѓу понудувачите на несекојдневните решенија на станбеното прашање се и британската компанија „Лилвил“, каде што се произведуваат дрвени колиби, и „Олвуд Аутлет“. Нивните куќички повеќе се викендички отколку места каде што би можеле да живеете бидејќи доаѓаат само со основните материјали.

1

За да се надомести недостигот од електрична инсталација, секоја просторија има барем еден прозорец за да влегува природна светлина. Треба да се земе предвид и дека е потребно да додадете изолација ако планирате да ја поставите куќичката некаде каде што температурите се пониски.

3


4

Куќичките се испорачуваат во три големи пакети со сè што е потребно за составување. За да можете да ја изградите, ќе ви биде потребен основен сет од алати, а ако не сте мајстор, ќе добиете и упатство како да ја направите куќичката.

Сепак, препорачливо е да консултирате некој што знае што прави, особено кога станува збор за темелите.

Фото: Allwood Outlet
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот