X
 07.07.2021 Здравје

Оваа земја сега е лидер во вакцинацијата на жители против ковид-19

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) сега е земја со најголем процент вакцинирани жители против ковид-19 во светот. Државата целосно вакцинирала 72,1 отсто од населението. Тоа се 15,5 милиони дози на вакцини.


Фото: Freepik


Според податоци од „Блумберг“, на второ место се наоѓа Сејшели со вакцинирани 71,7 отсто од жителите.

ОАЕ штотуку ја одобри вакцината на „Модерна“ за користење. Досега, најголем дел од вакцините што ги примиле жителите на ОАЕ се произведени од „Синофарм“ и „Фајзер“.

Извор: Esquire Middle East
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје