X
 07.07.2021 Живот

Утре ќе се одржи 37. издание на Бизнис-кафе Македонија

Маџоски, Дамевски и Гаштарска - гости на Бизнис-кафе Македонија

Утре (8.7.2021) со почеток од 19 часот во градината на хотел „Солун“ (плоштад) во Скопје ќе се одржи новото издание на најпознатиот бизнис-нетворкинг настан во земјава – Бизнис-кафе Македонија.

- По долго отсуство поради пандемијата и ограничувањата за јавни настани, ова летно издание е одлична можност да одмориме малку од видеоконференциските алатки и повторно со нашите соработници да се дружиме во живо, со шолја кафе и многу енергија за рестарт на вообичаените бизнис-активности – велат организаторите.

Покрај вообичаените нетворкинг-елементи, 37. издание на Бизнис-кафе Македонија ги носи и искуствата на тројца врвни професионалци во своите области кои со присутните ќе ги споделат своите бизнис и животни лекции и ќе се обидат да понудат одговори на некои од најважните постпандемски прашања поврзани со менаџирање на кадар, продажба и постпандемско работење.

Гости-говорници на ова издание ќе бидат:

-Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка, долгогодишен експерт во областа на ЧР-менаџментот, развој на организациска култура и развој на лидерство, со претходно искуство и во компании како Т-Мобиле, Македонски телеком и Пивара Скопје
-Марко Дамевски, менаџер за продажба во Winner Life, но пред сè тренер и лидер на продажниот тим во една од најдинамичните индустрии во земјата, кој скоро две декади е целосно посветен на развој на продажните мрежи и тимови на водечки финансиски институции и странски брендови во земјава, како што се Western Union, Societe General Охридска банка, Прокредит банка, ИК Банка, Кроација осигурување и др.
-Стефанија Гаштарска, дипломиран балетски уметник во Болшој академијата во Москва, со црвена диплома. Гришко бренд-амбасадор и член на Болшој театарот.

Поради желбата сите да се чувствуваат сигурно, ова издание на Бизнис-кафе Македонија ќе биде со ограничен број на достапни места за посетители и затоа ве покануваме поскоро да си го резервирате вашето место со испраќање на е-порака на: mkbizniskafe@gmail.com

Картите се по цена од 300 денари и можат да се купат на фактура или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис-настан) со претходна потврда за резервација на место на погорната е-адреса.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот