X
 07.08.2018 Образование

Тројца студенти од Техничкиот факултет во Битола ќе добијат стипендии од АД ЕЛЕМ

Нови тројца студенти од Техничкиот факултет во Битола потпишаа договори за стипендирање со АД ЕЛЕМ во подружницата „РЕК Битола“. Студентите, како што информираат од „РЕК Битола“, првпат се стекнуваат со правото на стипендирање од страна на државните електрани на Македонија, а се избрани на конкурсот што Техничкиот факултет во соработка со АД ЕЛЕМ го објави во јуни годинава.

За да добијат финансиска поддршка од компанијата, студентите мора да исполнат неколку критериуми, меѓу кои и првпат да бидат запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2017/2018 година и првиот семестар да го завршиле со просечна оценка не помала од 8 (осум).

- Со новите тројца стипендисти бројот на студенти од Техничкиот факултет во Битола што добиваат финансиска поддршка од АД ЕЛЕМ достигна 15. За секој од нив компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината, со желба да им го олесни патот до стекнувањето знаења кои подоцна би ги примениле на работни места во „РЕК Битола“ или во некоја од подружниците на Електрани на Македонија - велат од „РЕК Битола“.

АД ЕЛЕМ секоја година предвидува 25 стипендии за новозапишани студенти во прва година на пет државни факултети во Македонија. Заедно со новите три договори за стипендии, во моментов има вкупно 48 стипендирани новозапишани и студенти во втора, трета и во четврта година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование