X
 07.09.2020 Живот

Би летале ли ако ве сместат во крилата на авионот?

Првпат во историјата макета од „Flying-V“ - експериментален авион во кој патниците се сместуваат во крилата - полета на пробен лет без екипаж.

Резултатите од тестирањето на ова летало се чекаа долго време. Невообичаениот дизајн на авионот го прави 20 отсто поефиксен во однос на потрошувачката на гориво за разлика од најнапредните авиони на пазарот. Но, како и со сите други невообичаени експериментални дизајни, не е јасно колку добро би функционирал во практика.

Дури и инженерите што помагаат во дизајнирањето на авионот не биле сигурни колку добро би функционирал тој при полетување и слетување.



- Една од нашите грижи беше дека авионот може да има тешкотии при полетување бидејќи претходните пресметки покажаа дека ротацијата може да биде проблем. Тимот ја оптимизира макетата за да го спречи овој проблем. Но, мора да летате за да бидете сигурни - вели Роелоф Вос, истражувач од Технолошкиот универзитет во Делфт, Холандија.

Најголемиот проблем бил забележан при тешкото слетување.

Можеби сте забележале дека леталото се навалува нанапред и наназад додека слетува на пистата. Истото се случило и со „Flying-V“ и не можеме да замислиме колку би им се лошело на патниците.

Извор и насловна фотографија: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот