X
 07.10.2018 Живот

Офталмолог од Хрватска со едрилица тргна кон Бразил

Дражен се јавува секој ден. Вели дека сѐ е во ред и дека не треба да се грижиме. А јас како мајка не можам да не се грижам, вели Марија Гргиќ, чиј син Дражен Гргиќ, загрепски офталмолог роден во Шибеник, во средата со 10-метарска едрилица сам тргна од хрватскиот национален парк Корнати кон бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња.

Овој татко на две ќерки од 21 и 15 години тргна во авантура преку Атлантикот, како што кажа тој, за да посочи на потребата од зачувување на морето и намалување на употребата на еднократните пластични амбалажи. Во петокот попладне, според системот за следење на пловила, тој се наоѓал некаде околу „дното“ на италијанската чизма.

-Две години се подготвуваше за тој пат. Но, на фамилијата ѝ откри пред една година. Тој подготви сѐ, истражи и провери. Сигурен е дека ќе успее. Никому не му дозволи да го одврати, а му велеа „немој“, „не можеш ти тоа“ - раскажува Марија.

Таа додава дека со нејзиниот син на патувањето требало да оди и пријател, но тој го изневерил, па Дражен се разочарал и решил да не бара никого, туку да оди сам. Не сакал ни да чуе за одложување, бидејќи сметал дека ако не оди сега на 50 години, подоцна нема да може да отиде. Марија раскажува дека син ѝ неодамна купил едрилица од Сплит специјално за потфатот.

Со оглед на тоа дека околу патувањето на Дражен се отвораат низа прашања, можеби најдобрите одговори може да ги даде Ловре Пеовиќ, кој пред три години го препловил сверен Атлантик.

-Кога си сам во таков потфат, тогаш сам себеси си си лекар, механичар, едриличар, навигатор. Затоа што е потребно да се има низа вештини, од работа со алат заради поправка, па понатаму. Имено, секој ден се појавува некој солиден проблем кој треба да го решиш, а имаш лимитирани ресурси. Затоа треба да бидеш снаодлив - вели овој едриличар и додава дека за потфатот на Дражен се потребни барем неколку години искуство во поморството.

Во однос на навигацијата, тоа денес не е некоја филозофија покрај толку инструменти и во време кога секој телефон има GPS.

Гргиќ до бразилскиот аргхипелаг плови со 10-метарска едрилица, за која Пеовиќ вели дена е сосема доволно голем брод.

Тука се наметнува и прашањето колку е опасно што Дражен плови сам.

-Нормално дека е опасно бидејќи мораш да отспиеш минимум шест часа на ден, додека бродот на автопилот си плови. Тоа можеш единствено ако си мртов уморен, а таму нон-стоп си мртов уморен. Поради тоа тој пат е психички напорен - вели Пеовиќ.

А што ако има итен случај?

-На помош доаѓаат околни бродови, а останатото зависи од тоа колку е далеку од брегот. Тука се и крајбрежните стражи. Но, кога си среде океан, тешко дека некоја држава ќе испрати хеликоптер заради едно лице - вели Пеовиќ.

Фото: Slobodna Dalmacija

Тој смета дека ваков подвиг може да направи секој кој има волја и искуство.

-Нема причина за страв ако човекот е разумен и мисли дека е добро подготвен - додава тој.

Гргиќ се впушти во сето ова за да предупреди на проблемот со користењето на пластиката. Но, и бродот со кој патува веројатно е од ист материјал.

-Речиси сите бродови денес се прават од пластика. Можеби некој ќе коментира дали тоа е или не е лицемерно. Но, пластиката е нормален градежен материкал за пловила и неговото постапување не би го доведувал во прашање - вели за крај Пеовиќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот