X
 07.10.2019 Наука

Повеќе од половина од ендемските европски видови дрвја се загрозени

Повеќе од половина од ендемските европски видови дрвја се загрозени и би можеле да изумрат, се наведува во студијата на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН).

Некои од овие антички растенија постоеле на овие простори уште пред последната ледена доба, но поради шестото масовно исчезнување, европските вечни шуми се позагрозени од рептилите, цицачите, птиците, пчелите и пеперутките. Всушност, дрвјата се едни од најзагрозените групи досега, оценети за Европската црвена листа на ИУЦН.

Најлошото е што дури сега го забележавме тоа. Во обид да проучи некои од најигнорираните видови, новообјавената Црвена листа со дрвја на ИУЦН го покажува степенот на нашата очигледна деструкција.

Оценувајќи ги сите 454 вида дрвја што се домородни на европскиот континент, аналитичарите откриле дека 42 вида се регионално загрозени од исчезнување.

Од ендемичните дрвја што постојат само во Европа повеќе од половина се под висок ризик од изумирање, а за 15 отсто се смета дека се критично загрозени - значи на само еден чекор од исчезнување.

Дури и меѓу дрвјата што биле во ред десетина вида биле на раб на статус под закана и авторите признаваат дека за 13 проценти немало доволно податоци за воопшто да им се даде заштитен статус.

Според новиот извештај на ИУЦН, најголемата опасност за дрвјата во Европа се инвазивните видови, кои имаат влијание врз 38 отсто од испитаните видови. По таа закана следуваат дефорестацијата, прекумерната сеча и урбаниот развој, а и проблеми како климатските промени, сточарството, менаџментот на земјиштето и пожарите.

Сепак, влијанието на овие притисоци не удира рамномерно на сите видови дрвја. Во анализата цели три четвртини од дрвјата од видот Sorbus биле оценети како загрозени и една третина од нив биле критично загрозени. За дополнителни 22 вида имало недоволно информации, па не можело ни да се направи процена.

Еден од челниците на ИУЦН, Крег Хилтон Тејлор, изрази голема загриженост.

- Дрвјата се витални за живот на Земјата, а европските дрвја во својата разноликост се извор на храна и засолниште за многу видови животни, како птици и верверици, и играат клучна економска улога - рече тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука