X
 07.10.2020 Живот

Според Стив Џобс, сите високо интелигентни луѓе имаат една иста карактеристика

Училишно-паметни и паметни во реалниот свет, како што сите знаеме, не е иста работа. Можно е да ги имате највисоките оценки на факултет и да се борите во животот откако ќе дипломирате. Ако оценките не се доволни за да докажат дека некое лице е паметно, како најуспешните луѓе ги забележуваат вистински интелигентните луѓе?

Џеф Безос кај луѓето ја бара можноста често да се премислуваат. Илон Маск ги испитува вештините пред квалификациите. Стив Џобс, пак, имал сосема друг пристап.

Легендарниот основач на „Епл“ објаснил како ја дефинира вистинската интелигенција во разговор со Академијата за достигнувања уште во 1982 година. Според Џобс, клучот да се биде вистински паметен не е длабоката експертиза во една област, туку можноста да се направат неочекувани врски помеѓу полињата.

Ширината ја победува длабочината.

- Голем дел (од она што значи да се биде паметен) е можноста да ја гледате целата работа од поголема перспектива: како да сте во град и можете да го гледате од 80. кат. И додека другите луѓе се обидуваат да откријат како да стигнат од точка А до точка Б читајќи ги глупавите мали мапи, вие го гледате тоа пред вас. Вие можете да ја видите целата работа - вели Џобс во разговорот.

Ова е фасцинантната концепција на паметните, но покренува неизбежно прашање: како да ја развиете способноста за птичја перспектива за одредена ситуација? Според Џобс, треба да бидете интелектуален „омнивор“, односно да го истражувате светот на уникатни и неочекувани начини.

Извор: Inc.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот