X
 07.11.2015 Наука

Типови на музика кои ја зголемуваат вашата продуктивност

Слушалките често пати се занемарена, но неопходна канцелариска алатка. Вистинската музика може да ве инспирира, да го изостри вашиот фокус и да ви помогне да се справите со новите проекти со целосна самодоверба. Но, кој вид на музика го прави сето ова?

Според истражувањата, инструменталната музика е најдобриот вид на музика кога се обидувате да научите нешто. Истражувањата покажуваат дека може да ви помогне да ја препознаете информацијата побрзо, додека песните со брзина од 50 до 80 тактови во минута се идеални за креативна работа. Ова темпо може да ви помогне да предизвикате алфа состојба во вашиот мозок, што ве прави пофокусирани и порелаксирани.

Доколку работите на нешто досадно, било кој вид на музика може да ви помогне да се расположите. Сепак, ако ви треба да завршите некоја потешка задача, веројатно ќе треба да ја исклучите листата на вашите омилени песни - дури и најтивките ноти може да предизвикаат когнитивни пречки.

Доколку работите нешто за кое знаете дека сте добри, тогаш можете да слушате што сакате. Истражување од американската медицинска асоцијација открива дека хирурзите имаат подобра и попрецизна работа додека ги слушаат нивните омилени песни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука