X
 07.11.2018 Забава

Технологии од денешницата трансформирани во предмети од 80-тите

Светот без интернетот за повеќето од нас е непознат поим. Интернетот е составен дел од нашето секојдневие и од предметите околу нас толку многу, што одредени работи не би постоеле без него.

Но тоа не значи дека не можеме да се обидеме да замислиме како одредени апликации би изгледале во различни времиња.

Томас Оливер, креативен уметнички директор, ги претстави денешните технологии како предмети од 80-тите години.

Дали знаевте дека „Инстаграм“ би правел чуда како камера за еднократна употреба? Или дека токи-воки „Вацап“ би било одличен уред? Секако, ако се најдете себеси телепортирани назад во времето, не би ја напуштиле вашата куќа без „спотифај вокмен“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава