X
 07.11.2019 Живот

Премиерката на Нов Зеланд во 2 минути ги наброја сите успеси на нејзината влада во изминатите 2 години

Две години по формирањето на владата, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, од нејзиниот тим добила предизвик - изминатите две години работа да ги сумира во две минути.

Прифаќајќи го предизвикот, Ардерн во две минути набројала некои од најголемите успеси на нејзината влада, а видеото веднаш станало вирално.

Свесна дека нема многу време, Ардерн почнува брзо да ги набројува достигнувањата, а листата е неверојатна.

Уште во 30 секунди дознаваме дека во изминативе две години владата на Нов Зеланд отворила 92.000 работни места, изградила повеќе од 2.200 социјални станови, засадила 140 милиони дрвја, го унапредила лекувањето на рак со набавување поголем број апарати за радијација и лекови, ја зголемила минималната плата, изградила повеќе училници во училиштата за 100.000 ученици, ја намалила невработеноста на најниска стапка во 11 години. Но, тука не завршува, Ардерн продолжува уште минута и пол без пауза.

- Основавме агенција за лекување на карциномот, го реализиравме најголемиот раст на платите во 10 години, им помогнавме на 1 милион Новозеланѓани да ги платат сметките за струја, ги зголемивме приходите за 384.000 семејства, го прекинуваме синџирот на насилство во семејството, ги направивме автопатиштата безбедни, забранивме употреба на еднократните пластични кеси, ги зголемивме платите на наставниците, медицинските сестри и полициските службеници, го продолживме платеното родителско отсуство, почнавме реновирање на старите болници, извадивме 50.000 до 70.000 деца од сиромаштија, забранивме пушење во автомобили со деца, на семејствата им дадовме дополнителни 3.000 долари за првата година од животот на детето, го зголемивме буџетот за воздушна итна помош - вели Ардери.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот