X
 07.11.2020 Политика

Џо Бајден избран за 46. американски претседател

Демократот Џо Бајден е избран за 46. претседател на Соединетите Американски Држави, објавија американските медиуми. Тој успеа да го порази републиканецот и актуелен претседател Доналд Трамп, кој, пак, истакна дека не го признава поразот.

Несигурноста околу тоа кој победи на претседателските избори во САД траеше три дена, но денес американските медиуми објавија дека Бајден го преминал прагот од освоени 270 електорски гласови, кои се потребни за победа.

Во кратко соопштение Бајден повика на заздравување и единство.

- Време е Америка да се обедини и да заздрави. Ние сме САД и нема нешто што не можеме да го направиме ако сме обединети - истакна Бајден.

Со овој триумф Бајден, кој месецов ќе наполни 78 години, стана најстариот претседател избран во САД.

Извор: New York Times
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика