X
 07.11.2020 Живот

Ова се победниците на натпреварот „Најдобар фотограф на дивиот свет“

Неодамна беа објавени победниците на натпреварот „Најдобар фотограф на дивиот свет“, а фотографиите се прилично неверојатни.

Од 49.000 пријавени од целиот свет, на 13 октомври преку онлајн-церемонија во Природонаучниот музеј во Лондон, беа прогласени 56. најдобри.

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, која е и покровител на музејот, го објави главниот победник, Сергеј Горшков, и му ја додели титулата фотограф на дивиот свет на годината за неговата неверојатна фотографија со наслов „Прегратка“, на која сибирски тигар прегрнува елка во рускиот далечен исток. Сибирските тигри ги има само во овој регион, така што на рускиот фотограф му биле потребни повеќе од 11 месеци за да го овековечи овој момент со помош на скриени камери.

Фотографијата на Горшков и на другите добитници беа избрани од потесниот избор од 100 фотографии, и тие ќе бидат изложени во Природонаучниот музеј во Лондон пред да почнат со турнеја низ Велика Британија, како и меѓународна турнеја.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Nhm.ac.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот