X
 07.11.2020 Култура

Принцезата Маргарет е инспирација за создавањето на современиот хороскоп

Принцезата Маргарет, помалата сестра на британската кралица Елизабета Втора, постојано била тема во весниците и списанијата во Велика Британија. Таа била позната по специфичниот стил на облекување, огромните фризури и шпекулациите за романси, меѓу кои е и онаа со Пикасо. Но принцезата придонела и за создавањето на современиот хороскоп.

Џон Гордан, уредник во весникот „Сандеј експрес“, во 1930 година сакал да најде уникатен начин на известување за раѓањето на принцезата Маргарет. Принцезата била четврта внука на тогашниот крал Џорџ Петти и малку било веројатно дека ќе стане значаен член во семејството.

Гордон затоа одлучил да пишува за иднината на принцезата наместо за нејзината сегашност. Тој побарал од познат астролог да направи предвидување за животот на принцезата Маргарет. Ова била необична, но не и невидена практика во тоа време.


Фото: Wikipedia

Астрологот бил зафатен, но неговиот асистент, Р. Х. Нејлор, се понудил да помогне. Предвидувањето на Нејлор не содржело многу повеќе отколку тоа дека принцезата ќе има живот полн со настани. Сепак, предвидувањето било хит. Уредникот го вработил Нејлор да пишува редовни предвидувања за светските настани и набрзо тој предвидел пад на авион.

Неговата колумна станала популарна, а за кратко време ја добила и денешната форма кога Нејлор почнал да прави неделни месечни предвидувања за секој хороскопски знак. Така се родил модерниот хороскоп кој го знаеме денес.

Автор: Зои Рандолф
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура