X
 07.12.2018 Образование

„Универзитет = 1 бубрег“, „Сакаме книги, не Гугл Транслејт“, албанските студенти протестираат

Илјадници албански студенти се собраа пред зградата на албанското министерство за образование, млади и спорт за да протестираат против предложените зголемени давачки за студентите, како и за да побараат подобри услови на универзитетите за студентите во Тирана, но и во другите градови од земјата.

Протести имаше и во Елбасан, Драч и Корча, а денес студентите од Валона ги напуштија предавањата во знак на протест. На студентите од јавните им се придружија и оние од приватните универзитети.

Протестите се опишуваат како најголеми во последните години, ако се има на ум дека не се поврзани со партии.

Властите прилично брзо попуштија пред притисокот и го укинаа членот од Одлуката на советот на министри (ВКМ), со која се предвидуваа нови тарифи за полагање заостанати, односно презапишани испити. Министерката за образование Линдита Никола објасни дека одлуките ги носат универзитетите, а владата само ги одобрува. Но, студентите истакнаа дека ќе протестираат додека не им се исполнат сите барања, со кои, меѓу другото, бараат и подобрување на условите во домовите и преполовување на тарифите за студирање.

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика студентите на дијалог, но, како што пренесуваат албанските медиуми, тие го одбиле истакнувајќи дека се студенти, а не клиенти.


Во меѓувреме, албанските медиуми постојано објавуваат фотографии и снимки од протестите и од досетливите пораки што студентите ги испраќаат преку транспарентите.

„Универзитет = 1 бубрег“
Фото: Sot News

Фото: Top Channel

Фото: Top Channel

Фото: Top Channel

Фото: Top Channel

„Сакаме книги, не Гугл Транслејт“
Фото: Top Channel
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование