X
 07.12.2018 Образование

Верче Георгиевска, студентка на Универзитетот во Виена: Професорите никогаш не задоцниле на час и секогаш се достапни на телефон

Верче Георгиевска е прва година на Економскиот универзитет во Виена, таа за Радар го пренесува своето искуство од начинот на обрзование во Австрија.

Која беше причината да не се запишете на некој од македонските универзитети туку да замините за  Виена?

Како млад и просперитетен човек со авантуристички дух, прво бев понесена од убавината на градот при една туристичка посета. Секако, во тоа време, можеби ми влијаеше и тоа што не се пронаоѓав себе си во Македонија,  за жал не ми го нудеше она што ми беше потребно. Иако, немав доволно искуство, за да размислувам  за некоја поголема слика во која се гледам во иднина, од она што го имав како информации како функционира нашиот високо образовен  систем, едноставно не можев да се вклопам во него, ми пречеа многу работи. Заклучоците ги донесов од она што го слушав од околината, постарите пријатели, познаници кои беа на факултет. Насекаде слушав за лошиот систем, неквалитетното учење, програмите, завршени студенти без никакво знаење, дипломи кои се само бројка, а студентите не знаат каде им се наоѓаат факултетите,факултети  на кои им се важни само уплатите од студентите, трка за повеќе студенти, бидејќи станува збор за бизнис, кој мора да функционира. За знаењето, имав впечаток дека никој воопшто не се грижи, дали се стекнува и колку тоа ги оспособува студентите.

Целото интервју може да го прочитате на Радар

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование