X
 07.12.2021 Живот

Изведба на „Жизел“ вечерва на сцената на НОБ

Вечерва со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Жизел“ од францускиот композитор Адолф Адам. Овој романтичен балет ќе биде повторно изведен поради големиот интерес на публиката.

Станува збор за магична и безвремена приказна за несреќна љубов која е преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, диригент на претставата е Иван Еминовиќ, костимографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајн: Милчо Александров.

Настапуваат оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, а во главните улоги се: Мими Поп Алексова Атанасовска, Васил Чичиашвили (Грузија), Игор Веланоски, Илијана Данилов, Христина Наќевска и Ендру Кук (Англија).
Претставата ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот