X
 07.12.2021 Живот

Кинески град им плаќа по 1.570 долари на лицата со позитивен тест за ковид-19

Кинескиот град Харбин им плаќа по 1.570 долари на сите што ќе имаат позитивен тест за ковид-19. Но жителите треба да се појават на тестирање самостојно, без да бидат повикани поради контакт со заразено лице.

Ќе бидат наградени оние што волонтерски ќе се тестираат кога ќе добијат симптоми, пренесуваат локалните медиуми. Сумата изгледа астрономска, но во градот се потврдуваат помалку од 10 случаи на ковид-19 дневно во последната седмица.

Бројот на новозаразени лица со ковид-19 е мал во Кина, но земјата не ги вклучува лицата што немаат симптоми во конечниот број на заразени жители.

Помали бранови годинава ги поттикнаа властите да воведат строги мерки и затворање. Неодамна околу 30.000 посетители на „Дизниленд“ во Шангај биле заробени во забавниот парк откако бил потврден еден случај на ковид-19. Посетителите си заминале дури откако сите биле тестирани.

Извор: Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот