X
 08.01.2019 Економија

Забавениот кинески економски раст го погоди и профитот на „Самсунг“

„Самсунг електроникс“ очекува пад на профитот во четвртиот квартал од 2018 година за 29 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Причина за очекуваниот пад на профитот е намалувањето на побарувачката на андроид-телефони и мемориски чипови, пред сè во Кина, која бележи забавен економски раст.

Процените на „Самсунг“ се дека оперативните приходи за тој квартал ќе бидат 10.800 милијарди вони (9,7 милијарди долари), што е за 29 отсто помалку отколку една година претходно. Тоа е значително поголем пад од очекувањата на аналитичарите.

Вкупните приходи на компанијата може да бидат 11 отсто помали во споредба со една година претходно и да изнесуваат 59 милијарди вони (52 милиони долари).

Изминатите години приходите и профитот на компанијата силно се зголемија благодарение на побарувачката за мемориски чипови за мобилни уреди.

„Самсунг“ очекува намален профит и во првото тримесечје од 2019 година поради слаба побарувачка и јакнење на конкуренцијата. Намалената побарувачка, особено во Кина, го притисна целиот технолошки сектор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија