X
 08.01.2020 Уметност

Неверојатна 3Д улична уметност што е во интеракција со сѐ што ја опкружува

Уличната уметност има лоша репутација. Некои луѓе дури и мислат дека е кривично дело, но постојат неверојатни уметници што ги трансформираат празните ѕидови во вистински уметнички дела.

Токму тоа го прави уличниот уметник Шеон Каифа, но со пресврт. Тој создава неверојатни 3Д-интерактивни дела. Тој прави досадниот простор да се истакне со неговата 3Д-техника. Ако се фотографирате со уличната уметност во вистинскиот агол, можете да станете дел од делото.

- Идејата се роди од желбата да излезам од секојдневието и во сите мои дизајни се обидувам да испратам порака за грижата, радоста на животот и она што ме опкружува - вели уметникот.

Постојат многу начини да се изразите и многу форми на уметност. Една од нив е уличната уметност.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност