X
 08.02.2021 Живот

Дали сега треба да резервирате патување за во текот на годинава?

Пандемијата на коронавирусот не е завршена, па патувањата сè уште не се препорачуваат, освен во итни случаи. Сепак, многумина се надеваат дека ќе може да патуваат подоцна годинава.

Марк Кроси, експерт за патување од веб-страницата „Скајскенер“, вели дека вестите за вакцините што почнуваат да се користат низ светот придонесуваат за зголемување на апетитот за патување годинава. Тој открива дека многу корисници на веб-страницата разгледуваат летови за подоцна во 2021.

Дали треба да резервирате лет сега или треба да почекате?

Според Кроси, цените на летовите сè уште се пониски од нормалните цени пред пандемијата, а авионските агенции го олеснуваат процесот на откажување и презакажување поради пандемијата.


Фото: Pixabay

Конрад Валишевски, извршен директор на „Трип скаут“, препорачува да резервирате лет или патување, дури и доколку има шанси за негово одложување или откажување. Според него, веројатно цените сега се најниски и има најмногу опции, но треба да се резервира опција што може да се откаже или смени.

Патниците што ќе чекаат да се стабилизира пандемијата може да ги пропуштат ретките шанси што се нудат денес бидејќи тогаш ќе има поголем интерес, вели тој.

Брајан Кели, извршен директор на „Д поинтс гај“, се согласува дека во моментов се нудат добри зделки за патување и препорачува резервирање лет и хотел што може да се откаже. Меѓутоа, сите авионски агенции и хотели не нудат флексибилни опции, па затоа експертите советуваат да се читаат условите при резервирањето.


Фото: Pixabay

Кроси препорачува читање информации за состојбата со коронавирусот во земјата што сакате да ја посетите пред да ја направите резервацијата.

Освен тоа, експертите посочуваат и на новите трендови кај патниците. Пандемијата поттикна многумина да патуваат додека работат. Многу семејства низ светот изнајмуваат домови за подолг период и ја комбинираат работата од далечина со одморот, истовремено работејќи и истражувајќи нови локации.

Автор: Керолин Болона
Извор: huffpost.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот