X
 08.02.2021 Забава

Најдобрите реклами што беа прикажани на Супербоул годинава

Супербоул е финалниот натпревар на Национална фудбалска лига во САД. Американците го следат финалето, кое оваа година се одржа на 7 февруари, поради американскиот фудбал, но и поради настапите на полувремето и рекламите. Оваа година рекламите чинеле 5,5 милиони долари за 30 секунди. Соодветно, овие скапи реклами мора да бидат добри.

Некои популарни брендови во САД, како „Бадвајзер“, одбрале да не се рекламираат на финалето годинава и да ги донираат парите за подигнување на свеста за вакцините против коронавирусот.

Сепак, на натпреварот биле прикажани неколку добри реклами на познати брендови. Си-ен-ен ги одбра најдобрите, кои може да ги погледнете во продолжение.

„Дордеш“ (DoorDash)


„Џенерал моторс“ (General Motors)


„Стејт фарм“ (State Farm)


„Тојота“ (Toyota)


„Хагис“ (Huggies)


Автор: Лиа Асмелаш
Извор: cnn.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава