X
 08.02.2022 Култура

Популарната серија „Куќа од хартија“ добива нова верзија

Корејскиот „Нетфликс“ објави возбудлив трејлер од корејска верзија на популарната шпанска серија „Куќа од хартија“ (La casa de papel).

Оригиналната серија, која неодамна заврши со прикажувањето на петтата сезона, се фокусира на Професорот и група криминалци кои се здружуваат за да ја направат кражбата на векот. Настани од минатото и сегашноста се испреплетени во приказната и ја прават серијата уште поинтересна.

Серијата доведува во прашање цел систем на верување во стилот на Робин Худ со оглед на тоа што група луѓе на маргините од општеството ја надмудруваат владата во потрага по подобар живот, слобода и пари.

Корејскиот „Нетфликс“ ја открил актерската екипа што ќе глуми во новата верзија, но не се знае колку таа ќе се разликува од оригиналната.


Извор: Lola Magazin
Фото: YouTube (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура