X
 08.03.2020 Живот

Најпопуларните нови дестинации за 2020 според „Трип адвајсор“

„Трип адвајсор“ ги објави најдобрите нови дестинации за 2020 година. „Новите“ дестинации се дефинираат како локации кои забележуваат пораст во рејтинзите на „Трип адвајсор“ секоја година. На врвот на листата за оваа година се најде Калининград во Русија, а следуваат Саранда во Албанија и Бејрут во Либан.
Според „Трип адвајсор“, воведувањето едноставен процес за електронски визи од страна на Русија во 2019 го олеснило патувањето во Калининград.

- Патниците максимално го искористуваат ова за да истражат прекрасен град во кој се комбинирани културата и архитектурата од Источна Европа и Русија како на ниедно друго место - велат од компанијата.

Листите се направени врз основа на рејтинзи и мислења на милиони патници од целиот свет. Беше објавена и листа со дестинации кои се во тренд и привлекуваат сè поголемо внимание. Кочи во Индија, Лузон на Филипините и Порто во Португалија се најдоа на врвот на листата.


Фото: Калининград, Русија/Pixabay

Најдобри нови дестинации

1. Калининград, Русија
2. Саранда, Албанија
3. Бејрут, Либан
4. Луксор, Египет
5. Негуш, Грција
6. Риген, Германија
7. Фу Квок, Виетнам
8. Монополи, Италија
9. Ла Паз, Мексико
10. Курасао, Кариби
11. Олерон, Франција
12. Гвајакил, Еквадор
13. Тулса, САД
14. Ипсвич, Велика Британија
15. Франсхук, Јужноафриканска Република
16. Тангер, Мароко
17. Такаматсу, Јапонија
18. Сала Дор, Шпанија
19. Петрополис, Бразил
20. Антверпен, Белгија
21. Мириса, Шри Ланка
22. Алвор, Португалија
23. Винипег, Канада
24. Дарвин, Австралија
25. Агра, Индија


Фото: Кочи, Индија/Pixabay

Дестинации што се во тренд

1. Кочи, Индија
2. Лузон, Филипини
3. Порто, Португалија
4. Порто Сегуро, Бразил
5. Грамадо, Бразил
6. Ломбок, Индонезија
7. Да Нанг, Виетнам
8. Закинтос, Грција
9. Тел Авив, Израел
10. Краков, Полска
11. Малта
12. Хо Ши Мин, Виетнам
13. Куско, Перу
14. Буенос Аирес, Аргентина
15. Виена, Австрија
16. Фуертевентура, Шпанија
17. Мексико Сити, Мексико
18. Чианг Мај, Тајланд
19. Фес, Мароко
20. Будимпешта, Унгарија
21. Занзибар, Танзанија
22. Картагина, Колумбија
23. Единбург, Велика Британија
24. Себу, Филипини
25. Москва, Русија

Автор: Хелен Кофи
Извор: Independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот