X
 08.03.2022 Политика

Колку нуклеарни боеви глави има во светот и во кои земји?

Дали може да претпоставите колку нуклеарни оружја има во моментов во светот? Одговорот може да ве изненади: 12.705 боеви глави. Уште позастрашувачки, според последните податоци од месецов, околу 3.732 нуклеарни боеви глави се подготвени да бидат искористени во секој момент.

Во моментов девет држави во светот имаат нуклеарно оружје: САД, Кина, Русија, Обединетото Кралство, Франција, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја. Само САД, Русија, Обединетото Кралство и Франција имаат јавни информации за бројот на нуклеарни боеви глави што се подготвени за користење.

Русија и САД имаат најмногу нуклеарно оружје, односно 5.977 и 5.428 боеви глави, соодветно. Тоа значи дека овие две земји имаат 90 отсто од целото нуклеарно оружје во светот.

Северна Кореја има најмалку, 20. Израел има 90, Индија има 160, Пакистан има 165, Обединетото Кралство има 225, а Франција има 290 нуклеарни боеви глави.


Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика