X
 08.03.2023 Забава

Оглас од 1916 во кој маж бара да му се врати сопругата го насмеа регионот

На страницата „Историски забавник“ на „Фејсбук“ бил споделен оглас објавен во весник во 1916 година. Во огласот маж ја повикува неговата сопруга да му се врати. Огласот насмеал многу корисници на оваа социјална мрежа.

Aлекса Ѓукановиќ од Цетиње ја повикува сопругата Маре, која во април 1912 година избегала во странство, да се врати дома.
Даден е и рок за враќање - 31 јануари 1917 година. Доколку не се врати во дадениот рок, ќе се постапи кон конечна пресуда за развод без нејзино присуство.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава