X
 08.05.2017 Живот

Што куршумот му прави на телото?

Што се случува кога човек е застрелан? Како би можеле да го спасите тој човек или да се спасите себеси?

Што куршумот му прави на телото?


Сигурно знаете дека куршумот може да навлезе прилично длабоко во телото на човекот. Освен дупката која куршумот ја прави во вашето тело, многу поголема штета се случува внатре, во телото.

За почеток, кога куршумот влегува во телото, телото апсорбира голем дел од динамиката која ја носи куршумот. Куршум од 9 милиметри, кој обично е испукан од пиштил за самоодбрана или од полицијата, патува со брзина од околу 1400 километри на час. Динамиката која ја носи со себе мора да оди некаде, па така куршумот ја пренесува во телото, предизвикувајќи да се прошири и да се создаде голема празнина. Тој тремор може да предизвика сериозна штета на органот или ткивата, дури и ако куршумот не го погодува телото.

Откако куршумот ќе го расцепи телото, судбината ја фрла коцката. Човек може да преживее, меѓутоа најмногу се сведува на тоа по кој пат ќе оди куршумот. Потребно е да знаете дека и пукањето во нога или рака може да ве убие.

Зошто? Најмногу поради губењето на крвта. Ако куршумот ја удри брахијалната артерија во вашата рака или билатерална ингвинална артерија во препоните или субклавијална артерија, тогаш човек ќе се соочи со масовно крвавење. Мускулите имаат вграден одбранбен механизам за спречување, меѓутоа тоа не е доволно кога имате внатрешна загуба на крв предизвикана од куршум.



Другата опасност е оштетување на органите што доведува до откажување на органите. Ако куршумот погоди витален орган, тој ќе го распарчи исто како надворешното месо. Освен тоа, куршумите можат да ја променат насоката откако ќе навлезат во телото, што значи дека куршумот може да погоди повеќе од еден орган. Што значи дека е возможно да преживеете доколку сте погодени од куршум. Всушност, можете да преживеете ако сте погодени од повеќе куршуми. Не е важно колку се, важно е каде одат.

Што можете да направите ако некој околу вас е застрелан?

Постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги зголемите шансите за преживување. Многу луѓе се обиделе да го опишат чувството кога ќе примат куршум - некои го опишуваат како интензивно чувство на печење, а други како остра болка која трае минута. Се разбира, многу луѓе велат дека најлошиот дел е кога ја чувствуваат сопствената топла крв низ целото тело.

Ако видите дека некој е застрелан најдобро е да се јавите во брза помош. После тоа, треба да се обидете да го запрете крварењето. Запомнете, загубата на крв е најчестиот виновник за смртта на застреланите жртви.

Ако има отворена рана во градната празнина, важно е да се спречи навлегување на воздухот - во спротивно жртвата би страдала од пневмоторакс или колапс на белите дробови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот