X
 08.05.2018 Живот

Експериментот на ИКЕА ќе ве воодушеви

„Малтретирање растение“ е експеримент на ИКЕА со две растенија чија цел е да ја подигне свеста против малтретирањето (булингот) во училиштата.

Во експериментот ИКЕА вклучи две растенија поставени во едно училиште - задача на учениците била на едното растение да му кажуваат комплименти и убави зборови, додека другото растение требало вербално да го малтретираат со зборови на омраза.

1
Фото: Screenshot/YouTube

Учениците требало и да се снимаат додека даваат комплименти и додека им упатуваат лоши зборови на растенијата. По 30 дена резултатите зборувале за себе - додека растението што добивало комплименти продолжило да напредува, растението што било вербално малтретирано се борело за опстанок, со кафеави овенати лисја.

Двете растенија добивале иста количина вода, биле исто изложени на сончева светлина и добивале иста количина ѓубриво. Единствената разлика било тоа што едното добивало комплименти, а другото погрдни зборови.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот