X
 08.05.2019 Живот

Објавени се резултатите од Лотаријата за зелена карта

Резултатите од Лотаријата за зелена карта се објавени, соопштија од американската амбасада во земјава.

Доколку имате аплицирано, единствениот начин да проверите дали имате добиено карта е да одите на овој линк и со помош на бројот што го добивте при аплицирањето да видите дали треба да ги пакувате куферите или не. Сепак, поради големата посетеност, страницата може и да биде блокирана, па бидете трпеливи.

Треба да имате предвид дека Стејт департментот не известува преку електронска пошта и доколку имате добиено некоја порака во која ве известуваат дека сте избрани, тоа е измама.

Со среќа!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот