X
 08.05.2021 Наука

Што знаеме за индискиот сој на коронавирусот?

Индија го забележа најголемото зголемување на бројот на инфекции со коронавирус овој месец, а Њу Делхи и Мумбај останаа без болнички кревети, кислород и лекови.

Научниците проучуваат што довело до ваков неочекуван бран и дали е виновна новата варијанта на коронавирусот.

Варијантата, наречена Б.1.617, предизвика глобална загриженост откако беше пријавена во околу 17 земји, вклучувајќи ги Германија, Белгија, Велика Британија, Швајцарија, САД, Сингапур и Фиџи.

Која е
разликата меѓу варијантата Б.1.617 и обичниот ковид-19?

Варијантата Б.1.617 содржи две клучни мутации во надворешниот шилест дел на вирусот, наречени Е484Q и L452R.

И двете се наоѓаат одделно во многу други варијанти на коронавирусот, ново е тоа што првпат се заедно.

Вирусологот Шахид Џамел објаснува дека двојната мутација во клучните области на спајк-протеинот на вирусот може да ги зголеми ризиците и да му овозможи на вирусот да избега од имунолошкиот систем.

Спајк-протеинот е делот што вирусот го користи за да навлезе во човечките клетки.

Светската здравствена организација изјави дека оваа нова варијанта, заедно со варијантите откриени во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка, е повисоко ниво на закана.

Дали варијантите го зголемуваат бранот на случаи?

Тешко е да се каже.

СЗО вели дека итно се потребни повеќе истражувања. Лабораториските истражувања на ограничена големина на примерок посочуваат на потенцијално зголемена преносливост.

vakcina
Фото: Freepik

Комплицирано е бидејќи многу преносливата варијанта Б.117, откриена првпат во Велика Британија, стои зад спајк-протеинот во некои делови на Индија. Во Њу Делхи случаите со британскиот сој речиси двојно се зголемиле во текот на втората половина на март.

Индискиот сој е широко присутен во Махарштра, најтешко погодената држава во Индија.

Научникот Крис Мареј од Универзитетот во Вашингтон вели дека многуте инфекции во Индија за краток временски период посочуваат дека варијанта што избегала може да го надмине секој претходен имунитет од природни инфекции кај овие популации.

- Веројатно тоа го прави Б.1.617 - вели тој.

Дали вакцините се ефикасни против индискиот сој?

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, рече дека прелиминарните докази од лабораториските студии се дека „Коваскин“, вакцина развиена во Индија, може да ја неутрализира варијантата.

Научниците од Англија велат дека работат со меѓународни партнери, но дека во моментов нема докази дека индиската варијанта и две поврзани варијанти предизвикале потешка болест или ги направиле вакцините што моментално се користат помалку ефикасни.

Извор: Abc.net.au
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука